Svijet Sjeverna Makedonija
Кинеската морнарица тестираше стратешка ракета лансирана од подморница

Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·06. 07. 2026. 07:02:09
Кинеската народноослободителна армија успешно тестираше стратешка ракета лансирана од подморница, јави Синхуа. Морнарицата соопшти дека денеска напладне по локално време, стратешка нуклеарна подморница успешно тестирала стратешка ракета со лажна боева глава во правец на релевантни области на отворено море во Тихиот Океан. Ракетата слета во прецизно одредени води, соопшти војската на Пекинг.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


