Кина обучува роботи кои самостојно ќе извршуваат домашни работи

Кина вработува тренери на роботи кои ќе го заменат човекот во извршување на секојдневни домашни работи како што се миење садови, диплење облека и чистење, за што можат да заработат од 600 до 900 долари месечно. Обуката се врши со опрема за следење на движењата со која се снимаат нивните постапки, со цел да научат да ги применат. За време на тестирањето, роботите мора да препознаваат предмети, да подигнуваат облека, да ја пренесуваат од една просторија во друга и да извршуваат повеќе меѓусебно поврзани задачи, во секакви околности. За таа цел експертите се стремат кон унапредување на машините, без при тоа да зависат од човечка помош. Засега ваквата примена е сè уште невозможна бидејќи, како што велат експертите, иако роботите сè поуспешно ги покажуваат способностите, самостојното извршување на секојдневните домашни работи со непредвидливи промени и понатаму претставува голем технолошки предизвик. https://www.youtube.com/watch?v=95vEtTQHVfI

