Килијан Мбапе е најдобар стрелец на Мундијалот и нов рекордер пред Лионел Меси

Килијан Мбапе го заврши Светското првенство во 2026 година како најдобар стрелец со десет постигнати гола и стана првиот фудбалер во историјата што ја освоил „Златната копачка“ на два последователни мундијали. Иако Франција не успеа да стигне до финалето, 27-годишниот напаѓач остави длабока трага на турнирот во САД, Мексико и Канада. Мбапе пред финалето имаше два гола повеќе од Лионел Меси. Аргентинскиот капитен не успеа да ја затресе мрежата против Шпанија, па Французинот остана на врвот со десет погодоци, додека Меси го заврши турнирот со осум. Со тоа, напаѓачот на Реал Мадрид ја освои втората последователна „Златна копачка“, откако беше најдобар стрелец и на Светското првенство во Катар во 2022 година. Мбапе го надмина Меси и стана најдобар стрелец во историјата Мбапе постигна четири гола на Мундијалот во 2018 година, осум во 2022 и уште десет во 2026 година. Со вкупно 22 погодоци, тој сега е најдобар стрелец во историјата на светските првенства, пред Лионел Меси, кој остана на 21 гол. Двајцата во текот на турнирот го надминаа досегашниот рекорд на Мирослав Клосе, кој постигна 16 погодоци. Со оглед на тоа што Мбапе има 27 години, тој ќе има можност дополнително да го зголеми рекордот и на следните мундијали. За…


