klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

КФМ отвори конкурс до 20.август за „вајлд карта“ во Супер лигата

КФМ отвори конкурс до 20.август за „вајлд карта“ во Супер лигата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·10. 08. 2026. 15:00:59

Кошаркарската федерација на Македонија објави конкурс за доделување вајлд-карта. На тој начин ќе биде пополнето испразнетото место во машката Супер лига за сезоната 2026/27, откако тимот на КК Чаир во процесот на лиценцирање беше утврдено дека не ги исполнил условите предвидени со правилниците и актите на федерацијата за настап во највисокиот ранг на натпреварување. Во новата сезона според пласманот, но и по исполнување на условите ќе настапуваат следните екипи: МЗТ Скопје Аеродром, Маџари, Пелистер, ТФТ, Кожув, Тиквеш Голден Игл, Куманово, Работнички и Струмица 2001, која беше првак во Првата лига во ланската сезона. КК Чаир 2030 не е исклучен од натпреварувачкиот систем, туку има можност да настапува во Првата лига доколку ги исполни сите финансиски, административни и лиценци обврски пропишани од федерацијата. Согласно одлуката на Управниот одбор, клубовите од понизок ранг ќе можат да конкурираат за испразнетото место преку системот на вајлд-карта. Поднесувањето пријава не гарантира автоматски пласман во Суперлигата, а сите заинтересирани ќе треба да ги исполнат организациските, инфраструктурните, финансиските и административните критериуми за настап во елитата. Клубот што ќе ја добие вајлд-картата ќе треба да уплати надоместок од 40.000 евра во денарска противвредност на сметката на федерацијата, што претставува задолжителен услов за добивање право на настап. Пријавувањето ќе…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti