klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Кенеди Помладиот: САД погрешија во одговорот на Kовид-19, потребна е промена на здравствената политика

Кенеди Помладиот: САД погрешија во одговорот на Kовид-19, потребна е промена на здравствената политика
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·03. 08. 2026. 12:39:42

Министерот за здравство и социјални служби на Соединетите Американски Држави, Роберт Ф. Кенеди Помладиот, оцени дека САД за време на пандемијата на Ковид-19 направиле низа грешки, посебно во врска со мерките за затворање и односот кон стручњаците со поинакви ставови. Истовремено, тој најави промени во пристапот кон подготвеноста за пандемија, истражувањата на вирусите и безбедноста на храната. Во интервју за Си-ен-ен, Кенеди ги повтори критиките на сметка на начинот на кој американскиот здравствен систем одговори на пандемијата, тврдејќи дека рестриктивните мерки имале големи општествени и економски последици. Тој наведе дека затворањата, кои опфатија компании, училишта и верски установи, претставувале една од најштетните одлуки за време на пандемијата и оцени дека последиците од тие одлуки сè уште се видливи. Според него, тогашната политика довела до нарушување на довербата на граѓаните во институциите, како и до ограничување на јавната дебата за здравствените мерки. Кенеди ги отфрли тврдењата дека за последиците од пандемиската политика треба првенствено да се обвинува американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека Трамп, според негово мислење, се обидувал да ги прекине затворањата. Тој најголемиот дел од критиките ги насочи кон поранешниот директор на Националниот институт за алергии и инфективни болести, Ентони Фаучи, кого го обвини за погрешно управување со пандемијата…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti