klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Казахстан го прекинува извозот на нафта преку Црното Море поради напади врз танкери

Казахстан го прекинува извозот на нафта преку Црното Море поради напади врз танкери
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 07. 2026. 20:39:35

Казахстан денеска го заприра испорачувањето сурова нафта до терминалот на Каспискиот конзорциум за нафтоводи (ЦПЦ), во близина на руското пристаниште Новоросијск, поради нападите врз танкери што ги одвраќаат бродските сопственици од користење на пристаништето, јави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Доколку блокадата потрае до крајот на неделата, казахстанските производители би можеле да бидат принудени да го намалат производството. Преку терминалот ЦПЦ се извезуваат околу 80 проценти од казахстанската сурова нафта. Како втор најголем снабдувач со нафта за Европа, Казахстан има значајна улога за европските рафинерии, кои во моментов настојуваат да ги заменат испораките од Персискиот Залив. Иако терминалот се наоѓа на руска територија, извозот преку него не е опфатен со западните санкции против Русија, наведува „Блумберг“. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti