Карамбол во Шутка: Излетал со автомобил, покосил пешак, па влетал во двор

На 23.07.2026 околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Вашингтонска“ во Скопје, 62-годишниот Р.О. од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со белгиски национални ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во ограда на двор и во пешакот Ј.Д.(44) од Скопје, а потоа во две паркирани возила во дворното место - патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, паркирани од Ј.Д.. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди возачот Р.О., констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ и Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.


