klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Капетановиќ на Самитот на Берлинскиот процес: Време е регионалните ветувања да се претворат во напредок

Капетановиќ на Самитот на Берлинскиот процес: Време е регионалните ветувања да се претворат во напредок
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 10. 2026. 15:18:19

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC), Амер Капетановиќ, повика на обновена политичка решителност за забрзување на регионалната соработка, унапредување на Заедничкиот регионален пазар (CRM), поттикнување на помирувањето и исполнување на постојните обврски, на денешниот Самит на лидерите на Берлинскиот процес во Свети Стефан, Црна Гора. Обраќајќи им се на лидерите на Западен Балкан Шест, како и на европските и меѓународните партнери, Капетановиќ истакна дека променливото геополитичко опкружување и обновениот моментум во политикта на ЕУ за проширувањето бараат регионот да се движи побрзо, да го отвори патот кон помирување, да ја зајакне економската интеграција и да ги надмине пречките за практична соработка. Осврнувајќи се на достигнувањата на Берлинскиот процес, вклучително и договорите за роаминг и регионална мобилност, Капетановиќ нагласи дека овие резултати се овозможени благодарение на континуираната политичка поддршка, регионалната сопственост врз процесите и тесната соработка со Европската унија и нејзините земји членки. [facebook_post url="https://www.facebook.com/RegionalCooperationCouncil/posts/pfbid0P9x5htHQswtaYyotg9QCmEGXmQzs6rXVVxdAsVaBHDYU7L1JtzvCcaboYtznqbjsl"] „Динамиката на регионалната соработка не е на нивото на кое треба да биде. Техничкиот напредок премногу често се движи побрзо од политичките одлуки, а одлуките побрзо од нивното спроведување“, изјави Капетановиќ. Осврнувајќи се на следниот Самит на Берлинскиот процес, генералниот секретар на RCC истакна три приоритети: зајакнување на Берлинскиот процес како катализатор за проширувањето…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti