klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Кампања на МВР и РСБСП за безбедно управување на лесни електрични возила

Кампања на МВР и РСБСП за безбедно управување на лесни електрични возила
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·23. 07. 2026. 12:04:23

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека во сила е Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, објавен во Службен весник на 06.07.2026. Со овој закон, меѓу останатото се направени измени и дополнувања на правилата кои го регулираат сообраќајот на електричните тротинети и тоа: – Направена е измена на дефиницијата на овој тип возила која гласи: „Лесно електрично возило” е возило со најмалку две тркала, кое се движи на електричен погон со помош на електромотор, при што силата на електромоторот не надминува повеќе од 0,6 kW, чија конструкциски најголема дозволена брзина не е поголема од 25 km/h и чија маса без товар не надминува 35 kg;”, – Минималната возраст за управување со лесно електрично возило е зголемена на 18 години, – Максималната брзина на движење со лесно електрично воило по велосипедска патека односно лента е ограничена на 20 км/час, додека по патека за велосипедисти и пешаци, тротоар, пешачка патека односно друга површина наменета за движење на пешаци, ограничувањето останува на 6 km/h. – Возачот на велосипед, велосипед со помошен мотор, мопед и лесно електрично возило при преминување на коловозот, како и при преминување на обележан пешачки премин е должен да го турка возилото…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti