Камбовски: Недостигот на судии и персонал ја намалува реализацијата на судовите, Академијата мора итно да почне да продуцира кадри

Ниската реализација на судовите во првиот квартал од годинава е резултат на повеќе фактори, меѓу кои најзначајни се големиот прилив на предмети и хроничниот недостиг на судии и судска администрација, истакна денеска претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски. - Судовите продуцираат огромен број завршени предмети, но истовремено имаме и огромен прилив на нови. Во услови кога недостигаат судии и административен кадар, крајниот резултат е таков каков што го слушнавте - рече Камбовски. Тој предупреди дека проблемот е веќе изразен во основните судови, каде недостигот на кадар станува сериозен и директно го забавува процесирањето на предметите. Единствен извор за нови судии е Академијата за судии и јавни обвинители, која, според Камбовски, мора итно да започне со едукација на нова генерација. - Академијата мора што поскоро да продуцира кадри. Имаме реален проблем во основните судови, а кога унапредуваме судии во повисоките судови, ги празниме основните, а немаме со што да ги замениме - истакна тој, додавајќи дека проблемот е сложен и бара брза институционална реакција. На седницата, членовите на Судскиот совет кои го изработија извештајот за работата на судовите во првиот квартал информираа дека во скоро сите судови е забележана неажурност, со исклучок на неколку кои работеле со повисоко ниво на ефикасност…
Povezane vijesti

Мет Дејмон за речиси 50-годишното пријателство со Бен Афлек: „Бевме единствените кои веруваа еден во друг“

Drama u Hrvatskoj: Žena osumnjičena za pokušaj teškog ubojstva člana obitelji
