Како клима уредите влијаат на здравјето?

Ова лето, високите температури ретко се намалуваат, па затоа многу луѓе бараат засолниште од топлината во климатизирани простори. Клима уредите често се оставаат да работат со часови и често се поставени на многу ниски температури. Иако клима уредите обезбедуваат многу потребно олеснување за време на топлотни бранови, климатизираниот воздух може да има и несакани ефекти врз телото. Матични лекари објаснуваат за „The Independent“ како клима уредите можат да влијаат на вашето здравје и што можете да направите за да ги минимизирате потенцијалните проблеми. Кожа Престојот во климатизирани простории подолг временски период може да ја направи вашата кожа значително посува. „Клима уредите ја извлекуваат влагата од воздухот за да го направат просторот поудобен, но ова може да го забрза губењето на водата од вашата кожа“, објаснува д-р Опел Бејкер, матичен лекар во клиниката Мејфилд во Брајтон. „Резултатите може да бидат сува, затегната и лушпеста кожа, а понекогаш и зголемена чувствителност, егзема или испукани усни. Ако веќе имате сува или чувствителна кожа, ќе откриете дека климатизацијата ја влошува.“ Очи „Климатизацијата на сличен начин ги суши очите, предизвикувајќи чувство на печење или пецкање. Во многу ретки случаи, може да се појави заматен вид, но ова е многу ретко“, вели Бејкер. Тој додава дека…


