Кај нас е „полн или празен“, а ЈАПОНЦИТЕ ИЗМИСЛИЈА „ФРИЖИДЕР ЗА ЛУЃЕ“

Додека температурите во Јапонија достигнуваат и до 38 степени Целзиусови, а властите предупредуваат на опасност од топлотен удар, две јапонски компании претставија необично решение за справување со екстремните горештини – „фрижидер за луѓе“. Уредот, наречен „Do Hiemon“, односно „лична кутија за ладење“, е развиен во соработка меѓу производител на автомати за продажба и компанија специјализирана за производство на челични кутии за алати. Неговата цена изнесува околу 8.000 евра, објавува „Телеграф“. Станува збор за кабина изработена од нерѓосувачки челик, во која е поставено седиште за корисникот. Откако човекот ќе седне внатре, системот започнува да испушта силни млазови ладен воздух со температура од околу 5 степени Целзиусови. Воздухот е насочен кон главата, вратот, рамената и грбот, со цел за кратко време да го разлади телото и да помогне во намалувањето на телесната температура за време на екстремно топлите денови. Иновативното решение е замислено како алтернатива за брзо разладување во услови кога високите температури претставуваат сериозен ризик за здравјето.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

(ВИДЕО) Невреме со силен ветер и дожд го зафати Скопје
