klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Јошко Миленкоски повика 18 одбојкари на подготовките пред ЕП

Јошко Миленкоски повика 18 одбојкари на подготовките пред ЕП
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·22. 07. 2026. 13:32:37

Во пресрет на стартот на подготовките за четвртото во низа ЕП на машката сениорска репрезентација, селекторот Јошко Миленкоски го објави поширокиот список на кој се најдоа 18 одбојкари. На списокот недостасуваат младиот среден блокер Митко Спасов, кој ќе има обврски со У20 селекцијата во Зонските квалификации за Европското првенство 2027, како и либерото Ване Арапов. Првиот собир на репрезентацијата е закажан на 5 август на пладне во хотелот „Монтана“ во Крушево. Таму одбојкарите ќе го одработи првиот дел од подготовките. Европското првенство ќе се одржи од 9 до 26 септември во Италија, Бугарија, Романија и Финска. Македонија е дел од групата Б во Софија, каде покрај домаќинот Бугарија (со кој го отвора првенството на 9 септември) за противници ги има и селекциите на Полска, Украина, Португалија и Израел.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti