klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ЈКП „Стандард“ апелира дебарчани да ја користат водата одговорно бидејќи има населби кои се соочуваат со недостиг на вода

ЈКП „Стандард“ апелира дебарчани да ја користат водата одговорно бидејќи има населби кои се соочуваат со недостиг на вода
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·01. 08. 2026. 15:19:56

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ попладнево упати апел до дебрани да ја користат водата одговорно и исклучиво за неопходни потреби. - Свесни сме дека во изминатите денови и недели голем број жители во неколку населби од градот се соочуваат со недостиг на вода за пиење. Целосно го разбираме незадоволството и тешкотиите што оваа состојба ги предизвикува, но сите заедно треба да помогнеме во оваа ситуација. Од први јули воведовме четири, а потоа и петчасовна рестрикција, во населбите „Венец 1“ „Венец 2“ „Тараник“ и Ќернаница, но проблемот станува се посериозен, бидејќи во делови на градот вода нема и повеќе часови, посебно во повиоските катови на станбените згради, велат од претпријатието. Од јавното претпријатие ги замолуваат граѓаните да не ја користат водата за наводнување на градини, полнење на базени, миење на дворови и тротоари. - Секоја друга употреба што не е од суштинска потреба и се смета за злоупотреба, а заштеден литар вода помага повеќе семејства да имаат пристап до вода за пиење во овој период, велат од јавното претпријатие. Освен во градот рестрикција има и во Долно Косоврасти, каде се наоѓа и бањскиот локалитет и тоа од 10 до 13 часот. Претпријатието стопанисува со водоводот Росоки – Дебар, кој црпи вода од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti