Јирген Клоп официјално нов селектор на Германија

Јирген Клоп официјално е нов селектор на германската фудбалска репрезентација. Германската фудбалска федерација (ДФБ) денеска го претстави Клоп на прес-конференција во Франкфурт, потврдувајќи дека договорот е потпишан до завршувањето на СП 2030 година Претседателот на националната федерација на оваа земја, Бернд Нојендорф, објави дека Извршниот одбор едногласно ја донел одлуката Клоп да стане 13. селектор во историјата на „панцирите“. „Водевме интензивни разговори и од самиот почеток Јирген беше нашата прва желба. Сите во Федерацијата бевме убедени дека токму тој е вистинскиот човек за оваа функција, а разговорите само го потврдија тоа“, изјави Нојендорф. Клоп официјално во следните четири години ќе ја води Германија во Лигата на нациите, на Европското првенство во 2028 година, како и на СП 2030.