klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда

Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·14. 07. 2026. 11:40:58

Во Министерството за правда денеска беше извршено примопредавање на министерската функција, при што новоименуваниот министер за правда, Јетон Шасивари, ја презеде должноста од досегашниот министер Игор Филков. Како што информираат од Министерството за правда, Шасивари истакнал дека ќе работи посветено, одговорно и транспарентно, со фокус на унапредување на владеењето на правото, зајакнување на независноста, ефикасноста на правосудниот систем, враќање на довербата на граѓаните во правосудството, како и продолжување на реформските процеси во согласност со стратешките определби на Владата и европската агенда на државата. -Министерството за правда ќе остане отворена и професионална институција, посветена на интересите на граѓаните, владеењето на правото и обезбедувањето ефикасен, праведен и достапен правосуден систем, порачал министерот за правда Јетон Шасивари.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti