klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Јетон Шасивари избран за нов министер за правда

Јетон Шасивари избран за нов министер за правда
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·13. 07. 2026. 20:51:15

Собранието го избра Јетон Шасивари за нов министер за правда, како кандидат на коалицијата ВРЕДИ, во рамки на реконструкцијата на Владата. Шасивари е доктор по уставно и управно право на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Според неговата официјална биографија, од 2002 година е редовен професор по уставно и управно право на истиот факултет. Во својата биографија посочува дека од јануари 2024 година е заменик-член на Република Македонија во Европската комисија за демократија преку право (Венецијанска комисија) при Советот на Европа од јануари 2024 дина. Посочува дека во март 2020 година бил дел од групата уставни експерти од претседателот на Републиката за стручно мислење и консултација во врска со прогласувањето вонредна состојба поради пандемијата КОВИД-19. Ја вршел функцијата надворешен советник на претседателот на Собранието во рамките на европскиот дијалог „Жан Моне“ за подготовка на новиот Деловник на Собранието. Бил и заменик-претседател и член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, од 2016 година е предавач по уставно право во Академијата за судии и јавни обвинители, Во неговата биографија, Шасивари наведува дека зборува англиски јазик.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti