Јавен повик за обука на негователи за помош и нега во дом за стари лица

Општина Битола објавува јавен повик за избор на лиценцирани обучувачи за спроведување на Обука на негователи за помош и нега во домот на стари лица, согласно Програмата за социјална заштита. Право на учество имаат сите правни и физички лица кои ги исполнуваат следниве услови: • Поседуваат соодветна лиценца за спроведување на обуки за негователи за помош и нега во домот на стари лица. • Имаат искуство во областа на социјалната заштита и обуката на негователели за помош и нега во домот на стари лица. • Можат да обезбедат соодветна обука која води кон сертифицирање на учесниците. Документацијата се доставува во архива или по пошта на адреса: Општина Битола, Сектор за економски развој, јавни дејности и ИТ; Булевар „1-ви Мај“ бр.61; (со назнака - Пријава за обезбедување на услуга - Обука на негователи за помош и нега во домот на стари лица) во рок од 10 работни дена од денот на објавување на овој повик заклучно со 31.07.2026. Пријавите доставени по е-маил нема да бидат разгледувани.
Povezane vijesti

Meteotsunami pogodio Mali Lošinj: ‘Ljudi su bježali, nastala je panika”

Netanyahu dolazi u New York, Mamdani otvorio pitanje mogućeg hapšenja
