klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Јаревски: Изборниот законик е резултат на повеќемесечен дијалог, наместо евтин политички ПР од страна на опозицијата потребен е заеднички јазик

Јаревски: Изборниот законик е резултат на повеќемесечен дијалог, наместо евтин политички ПР од страна на опозицијата потребен е заеднички јазик
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·30. 06. 2026. 08:23:18

Во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој истакна дека измените на Изборниот законик се резултат на повеќемесечен процес кој започнал уште во март и се темели на три клучни столба. Тој истакна дека првиот столб на измените е имплементацијата на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, вториот е воведувањето електронско гласање за дијаспората, а третиот се однесува на финансирањето на политичките партии. Јаревски воедно појасни дека техничката влада нема да биде укината за следниот изборен циклус, туку измената ќе важи од наредните парламентарни избори, со цел да се избегнат различни толкувања во јавноста. „Најнапред техничката влада да не се навраќаме повторно не се укина, на следниот изборен циклус повторно ќе има техничка влада, се укинува од следните парламентарни избори чисто да нема забуни меѓу населението бидејќи тоа беше исто тема на различни толкувања, второ она што е многу важно да се укаже дека овој процес не започна сега пред недела или две, отпочнат уште од март со различен интензитет и динамика, но траеше цело време, на што се темели процесот, зошто го правевме овој Изборен законик три столба се: првото, имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, втората работа што е новитет сега…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti