Јанков: Го намаливме долгот на општина Струмица, создаваме темели за сигурна и подобра иднина за сите граѓани

Денес сме тука затоа што вистината повеќе не смее да се премолчува. Предолго молчевме, работејќи во тишина за да ги решаваме проблемите што ги наследивме, но кога некој се обидува да ја искриви реалноста и да ја доведе јавноста во заблуда, наша должност е да ги изнесеме фактите пред граѓаните. Оваа прес-конференција денес е мотивирана од прашањата што во изминатиот период ги поставуваше опозицијата, но уште повеќе од правото на граѓаните да ја знаат вистината за состојбата во општината, вели Петар Јанков, градоначалник на Општина Струмица. -Кога ја презедов функцијата градоначалник не наследив стабилна и финансиски здрава општина, наследив сериозни обврски, долгови и финансиски хаос, кој со години бил создаван и прикриван. Моја цел беше прво да се зафатиме со работа, да ги стабилизираме финансиските текови и да почнеме да ги решаваме проблемите. Свесно, не сакав веднаш да ја оптоварувам јавноста со негативни информации, но денес кога некој се обидува да ја искриви вистината и да ја префрли одговорноста, сметам дека е време граѓаните да ги слушнат фактите, рече тој. Јанков посочи дека во текот на изминативе месеци откриле сериозни состојби кои бараат целосно расчистување. -Во моментот кога станав градоначалник, заедно со службите и со институциите извршив контрола, увид и…
Povezane vijesti

Čudni bračni običaji: Mladencima turpijaju zube i daju im juhu iz noćne posude

Biskup prelomio na užas u srcu Europe: ‘Zastupnici koji ovako glasaju ne mogu na pričest’
