klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба бадентер, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба бадентер, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·06. 08. 2026. 11:57:33

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека очекува да се изнајде решение за што е можно побрзо носење на пакетот три закони за високо образование (за високо образование, за научно-истражувачка дејност и за квалитет во високото образование), кои се во собраниска процедура и, рече, блокирани преку алатката бадентер. Како што рече, со задоволство прифаќа да дискутира на уште една јавна расправа во Собранието за да се усвојат законите порачувајќи дека „секој изгубен ден е изгубен ден за младите луѓе во оваа држава“. На прес-конференција денеска таа рече овие три закони воопшто не влегуваат во проблем што ја регулира правичната застапеност. -Да, за носење закони за образование треба бадентер, она што е постоечко и тој е како алатка за заштита на правата, на пример за заштита на учењето на мајчин јазик. Овие три закони воопшто не влегуваат во таков некаков проблем. Овде зборуваме за мериторни елементи, за организација на високото образование, за квалитетот на професорите, за повеќе практична работа при студиите. Значи, некои елементи кои мора да ги има државата ако сакаме да имаме одржливо високо образование и квалитетен кадар и луѓе кои во иднина треба да ја водат и чуваат оваа држава, одговори Јаневска на новинарско прашање на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti