klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·22. 10. 2026. 10:38:16

Направивме многу за да ја раздвижиме научно – истражувачката дејност на национално ниво. Главно постигнување е тоа што од индивидуални иновациски иницијативи, направивме добро организиран национален иновациски екосистем. За краток период двојно го зголемивме буџетот за наука, воспоставивме нова стратешка рамка и подготвивме нови законски решенија, а ја модернизиравме и националната истражувачка инфраструктура. Сега сме ориентирани кон поврзување со регионалните и глобалните истражувачки мрежи. Ова го нагласи министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешниот министерски состанок на Управувачката платформа за истражување и иновации за Западен Балкан што се одржува во Брисел, во организација на Европската комисија. „Формиравме Национален совет за иновации, претприемништво и технолошки развој, кој е одговорен за координација на националните активности и иницијативи, а основавме и посебна Агенција за иновации, научно - технолошки развој и претприемништво, која ќе го олесни пристапот до средства и услуги за компаниите, истражувачите и иноваторите“, рече Јаневска. Информираше дека Македонија има 7 центри за трансфер на технологии, 5 технолошки инкубатори и еден приватен научно-технолошки парк, а во процес на основање се виртуелен научно – технолошки парк и првиот технолошки парк под целосна надлежност на државата. Јаневска додаде и дека проектот ВЕЗИЛКА пак е првата национална контактна точка во европската…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti