Јаневска: Со владина поддршка од 7 милиони евра, се унапредува образовната инфраструктура во Битола

Во битолската населба Буковски Ливади се изведуваат активности за адаптацијата на објект кој до крајот на годината ќе стане ново подрачно училиште на ОУ „Коле Канински“. Станува збор за инвестиција вредна 31 милион денари која ја реализира локалната самоуправа со поддршка од Владата. Денес увид во градежните работи извршија премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Јаневска истакна дека Владата продолжува со интензивни вложувања во подобрување на образовната инфраструктура, со цел сите ученици да имаат еднаков пристап до квалитетно образование, без разлика каде живеат. „Честитки за оваа значајна инвестиција на општина Битола, реализирана со поддршка на Владата. Важно е да се гради онаму каде што има реална потреба, да се унапредува образовната инфраструктура и секаде да се создаваат услови за квалитетно образование. Со адаптацијата на овој објект, кој ќе располага со пет училници, библиотека и санитарни јазли, вклучително и за ученици со посебни образовни потреби, децата од населбата Буковски Ливади ќе можат основното образование да го завршуваат во своето место на живеење, наместо како досега секојдневно да патуваат во други населени места. Така им заштедуваме време и тие ќе можат повеќе да се посветат на учењето и…
Povezane vijesti

Новинарката Јована Аврамовска: Со Илин сфатив колку кратко трае периодот кога децата се бебиња

„Финале пред финалето“ – Шпанија и Франција го продолжуваат големото ривалство на Мундијалот
