klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Јаневска: Проверките на МОН покажаа различни недостатоци кај институтите

Јаневска: Проверките на МОН покажаа различни недостатоци кај институтите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·12. 07. 2026. 21:01:09

Институт за бизнис економија во Скопје, Институт за геобиологија, археологија и подземни води во Скопје, Институт за мода и дизајн во Тетово се дел од 18-те затворени институти кај кои Министерството за образование и наука констатирало разни неправилности. Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва во централниот дневник на Сител телевизија рече дека проверките што ги направила комисијата при МОН покажале различни недостатоци – некаде не беа исполнети условите за научници кои треба да работат во институтот, некаде воопшто немало програма за научно-истражувачка работа, а имало и случаи во кои институтите биле сместени во несоодветни простории. Три до четири институти, откако почнале контролите, сами затвориле. Кај универзитетите, како што појасни министерката Јаневска, ситуацијата е малку поинаква - има пријави за несоодветно трошење на средства од буџетот што го дава државата, пријави за неправилен упис, за фалсификувани дипломи, за назначување во несоодветно звање... - За една приватна високообразовна установа имаме пријава до истражните органи и обвинителството за фалсификување диплома. На пример, студентка во еден месец положила 14 до 17 испити, а во истовреме студирала и додипломски и постдипломски студии. Тоа реално не е можно. Не сум слушнала никаде во светот да се положат во еден месец 14 испити и да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti