Јаневска: Го промовираме порталот е-наука како точка на поврзување на истражувачите, бизнисите и меѓународните научни мрежи

Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на денешната промоција рече дека порталот e-nauka.mon.gov.mk ги покажува истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Тој е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати Web of Science, Scopus и Google Scholar, со што овозможува прикажување на индикатори, резултати, цитираност и h – индекс. „Ги охрабрувам сите истражувачи од државните и приватните универзитети и високообразовни установи, од јавните и од приватните научни установи, научни институти и од МАНУ, како и самостојните истражувачи што работат во Македонија, но и истражувачите со македонско потекло кои работат на странски универзитети, да пополнат апликација и да влезат во електронскиот регистар е-наука. Тој е транспарентна и сеопфатна алатка за откривање на нивната работа на домашна и меѓународна научна сцена. Досега се регистрирале 229 истражувачи. За секој од нив е прикажано формалното образование, вработувањето, научното звање, установата или факултетот кадешто работи, научното поле каде истражува, односно научно истражувачка идентификација, како и индикатори и резултати од застапеност во трите глобални научни бази - Scopus, Web of Science и Google Schoolar. Преку е-наука, истражувачите добиваат можност за поедноставно поврзување…
Povezane vijesti

Стотици жени го посетиле Кабинетот за мајки и жени по породување на Клиниката за психијатрија

САД очекуваат Приштина да ги исполни своите обврски за косовските Срби доколку сака обновување на стратешкиот дијалог со Вашингтон
