klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Јаневска: Без ангажман на родителите нема ефикасна борба против врсничкото насилство

Јаневска: Без ангажман на родителите нема ефикасна борба против врсничкото насилство
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·02. 07. 2026. 15:54:24

Врсничкото насилство може да запре само ако сите, и институции и наставници и целата заедницата, се ангажираме со целосна сериозност. Но, посебно важна е улогата на родителите. Недостасува поголема грижа и посветеност од многу семејства кон своите деца. Не од сите, но од многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво растење, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, пред едукативниот панел за родители и старатели на ученици на тема врсничко насилство, што денеска се одржа во Домот на културата „11 Октомври“ во општина Гази Баба. - Последниот случај на врсничко насилство покажа деца со недостиг на емпатија и со изобличени вредности. Едни се изживуваат врз дете, а други стојат настрана, снимаат и се забавуваат, наместо да му помогнат и да го заштитат. Ова насилство е аларм за целото општество. Тоа е плод на недостиг на воспитна врска меѓу родителите и децата - рече Јаневска, додавајќи дека без ангажирање на родителите, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство е неефикасна. Министерката посочи дека токму затоа, на национално ниво се иницирани директни средби со родителите на децата и наставниците, каква што е денешната. Целта е отворено да се предочат проблемите, да се слушнат предизвиците со кои…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti