Јамалов: Владата со конкретни политики и мерки обезбедува континуиран раст на туризмот во Македонија

Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Од почетокот на мандатот се спроведуваат конкретни политики и мерки со кои Македонија се позиционира како се поатрактивна туристичка дестинација, изјави на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов. -Истовремено се инвестира во подобра авионска, патна и железничка поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции во туристичките капацитети и се обезбедува силна поддршка за руралниот туризам. Дека овие политики даваат резултати, потврдуваат и најновите показатели. Според извештајот на Светска банка, Македонија бележи најголем раст на авиосообраќајот и туризмот во регионот, со раст од 40 проценти на годишно ниво на бројот на патници во пристигнување. Позитивниот тренд се потврдува и преку официјалните статистички податоци. Во првите пет месеци од годината бројот на странски туристи е зголемен за 23,6%, додека бројот на реализирани ноќевања е повисок за 18,7% во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки се доказ дека Македонија станува сè попривлечна за странските посетители и дека туристичкиот сектор бележи стабилен раст, вели Јамалов. Тој истакнува дека особено значајно е што туристичката сезона повеќе не е ограничена само на летните месеци. Сè поголем број странски туристи ја посетуваат Македонија и поради културниот, историскиот и гастрономскиот туризам…
Povezane vijesti
