klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Јамал брутално му одговори на Лемина

Јамал брутално му одговори на Лемина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·15. 10. 2026. 04:42:33

Ламин Јамал му одговори на Марио Лемина по нивниот вербален дуел на натпреварот меѓу Галатасарај и Барселона во ЛШ, но фудбалерот на турскиот тим подоцна ги смири страстите со порака во која откри дека неговите синови се големи обожаватели на младата ѕвезда на каталонскиот клуб. Приказната започна пред натпреварот, кога Лемина изјави дека воопшто не слушнал за Јамал. Тоа очигледно дополнително го мотивираше младиот Шпанец, кој блескаше во Истанбул, каде што Барселона славеше со убедливи 1-4, а тој беше прогласен за играч на натпреварот. „Дали сега ме познаваш?“, напиша крилниот напаѓач на Барселона, објавувајќи неколку фотографии од натпреварот. Лемина реши да ја смири ситуацијата и да покаже дека нема лоши чувства кон младиот ас. „Секако дека те познавам. Моите синови се луди по тебе“, напиша фудбалерот на Галатасарај, објавувајќи фотографија од Јамал со неговите деца.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti