Ја разгореа љубопитноста: Откако се појавија со венчални прстени, Купер и Хадид не откриваат детали

Актерот Бредли Купер и манекенката Џиџи Хадид ја поттикнаа љубопитноста на јавноста откако пред неколку дена беа забележани заедно во Париз со прстени на левата рака. Тие биле фотографирани додека шетале низ градот, со прстени со сличен дизајн. Двојката била видена и како се држи за раце по излегувањето од теретана, каде што прстенот на Хадид бил особено забележлив. Јавноста на големо зборуваше за нивната венчавка, но ѕвездите по ова појавување, не открија ништо ново. Фотографиите беа објавени само два дена откако Купер бил фотографиран сам во теретана без прстен, што дополнително ги засили гласините за нивниот однос и можен брак. Купер и Хадид се во врска од октомври 2023 година. Оттогаш нивната врска привлече големо внимание на јавноста. Последен пат тие заедно присуствуваа на свадбата на Тејлор Свифт и спортистот Тревис Келс, во „Медисон сквер гарден“. - Купер размислува за брак и основање семејство Хадид, изјавил претходно извор за „Пејџ сикс“. Двојката и понатаму го чува својот однос далеку од очите на јавноста и ретко споделува детали за приватниот живот.


