klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ја принудиле да клекне, ја тепале и повредиле: Обвинителство со детали – кој ќе одговара за насилството врз 12-годишното девојче?

Ја принудиле да клекне, ја тепале и повредиле: Обвинителство со детали – кој ќе одговара за насилството врз 12-годишното девојче?
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·10. 07. 2026. 12:59:59

Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За еден 15-годишник се бара подготвителна постапка за помагање при извршување на тоа кривично дело, како и за – Неовластено снимање од член 152 став 1 од Кривичниот законик. За неовластеното снимање е побарана подготвителна постапка и за уште еден малолетник на возраст од 14 години. Како што соопшти Јавното обвинителство, пријавените девојчиња, на 30 јуни, на игралиште позади трговски центар во Скопје, во група извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на 12-годишно девојче. Во дејствијата учествувало и уште едно дете во ризик кое е на возраст од 13 години и согласно тоа не може кривично да одговара. -Ја принудувале да клекне и да им се извини, а потоа ја удирале со шлаканици и ја влечеле за коса. Од ударите оштетената се здобила со телесни повреди, а кај нејзината другарка сведок на настанот и во јавноста било предизвикано чувство на несигурност…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti