klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Известување за граѓаните за неодобрени кориснички профили на е-Даночни услуги

Известување за граѓаните за неодобрени кориснички профили на е-Даночни услуги
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·17. 07. 2026. 08:52:47

По извршени проверки во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена, соопштуваат од УЈП. Во насока на заокружување на постапката, до овие граѓани од страна на Управата за јавни приходи преку електронската пошта info@ujp.gov.mk се проследени персонализирани пораки со насока за понатамошно постапување. Од УЈП информираат дека доколку сте и вие дел од овие граѓани, повикуваат да се обратите до надлежната канцеларија на Управата за јавни приходи со важечки документ за идентификација, со цел овластено службено лице да Ви ја одобри регистрацијата. Зошто е важно да имате валиден и активен кориснички профил во системот е-Даночни услуги? - Ви овозможува користење на услуги преку порталот за електронски услуги - https://uslugi.gov.mk/ - Ви овозможува увид во податоците од Вашата Годишна даночна пријава за данок на личен доход - ДЛД-ГДП; - Ви овозможува остварување на права како од надлежност на Управата за јавни приходи – издавање на уверение за остварен доход, така и од други институции - Управата за јавни приходи доставува податоци до други институции кои одлучуваат за остварување на права на граѓаните. Овие податоци можат…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti