klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Извештај: Во Германија зголемен бројот на кривични дела со екстремистичка заднина

Извештај: Во Германија зголемен бројот на кривични дела со екстремистичка заднина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·01. 07. 2026. 08:14:14

Дојче Веле Шпионажа, кибер напади, десничарски и левичарски екстремизам, исламизам: Германија се соочува со закани и однадвор и одвнатре. Дали надлежната разузнавачка агенција е подготвена за тоа? Статусот на заканите е одразен во бројките што ги обезбеди Федералната канцеларија за заштита на Уставот (BfV) во нејзиниот годишен извештај за 2025 година, објавен вчера во Берлин: речиси 59.000 регистрирани кривични дела со екстремистичка заднина - зголемување од нешто повеќе од 1.100 во споредба со претходната година. Една бројка особено се издвојува: бројот на насилни инциденти се зголеми за околу десет проценти, односно на околу 3.300 случаи. Русија, Кина и Иран се особено активни Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт (ЦСУ), кој се појави на презентацијата на извештајот заедно со претседателот на BfW, Синан Селен, ја опиша ситуацијата на следниов начин: „Странските активности во Германија се во пораст. Извештаите и разузнавачките информации за подготовки за напади се зголемуваат. Бројот на екстремисти подготвени да употребат насилство расте.“ Според наодите од извештајот, најголемата надворешна закана сè уште доаѓа од Русија. Добринт го наведе како пример случајот на тројца мажи - кои оттогаш се осудени за шпионажа: „Наводно, руските разузнавачки служби им дале задача да извидуваат железници и инфраструктура и да планираат потенцијални напади.“…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti