klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Израелската војска во Појасот Газа уби двајца Палестинци и уништи магацини за лекови

Израелската војска во Појасот Газа уби двајца Палестинци и уништи магацини за лекови
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·01. 08. 2026. 18:44:11

Израелската војска денеска уби двајца Палестинци и уништи два магицини за лекови во близина на една болница во Појасот Газа. Владата на Израел сè уште не соопшти дали го прифатила договорот меѓу САД и Хамас за разоружување на палестинското милитантно движење против кое војуваше. Здравствените служби во Појасот Газа соопштија дека во воздушен напад двајца Палестинци биле убиени во населбата Шеик Радван во градот Газа. Израелската војска соопшти дека станува збор за членови на Хамас, но не даде дополнителни детали. Во текот на ноќта, со воздушен напад Израел уништи два магацини кои ги користеше Болницата на мачениците Ал-Акса за складирање лекови во Деир ал-Балах, во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа. Израелската војска не се огласи во врска со тој напад. Од болницата наведоа дека во магацините имало медицински материјал за третман на пациенти со бубрежни заболувања и за дијализа, како и друг материјал за преврзување рани и рутински третмани. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, сè уште јавно не ја коментираше изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп за договорот за разоружување на Хамас, додека министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, го нарече тој договор неприфатлив. Советот за мир, кој го формира Трамп…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti