Израелската армија го блокира пристапот до христијанската населба Тајбе на Западниот Брег поради напади од еврејски доселеници

Израелската армија вчера го затворила пристапот до христијанската населба Тајбе на окупираниот Западен Брег за лица кои не се жители, со образложение дека мерката има цел да ги спречи засилените напади врз Палестинците од страна на еврејски доселеници. Армијата соопшти дека наредбата се однесува само на Израелците, но не и на Палестинците. Портпарол на Израелските одбранбени сили изјави дека прогласувањето на Тајбе за затворена воена зона „било наметнато поради засилените напади во областа“. „Откако добивме информации за нарушување на јавниот ред, војници беа распоредени во областа и дејствуваат за растерување на собирите и приведување осомничени лица, со цел да се заштитат жителите на областа и да се одржи јавниот ред“, соопшти израелската армија. Тајбе е едно од малкуте преостанати христијански села на Западниот Брег на реката Јордан, а населбата минатата година ја посетија православниот патријарх и римокатоличкиот кардинал на Ерусалим. Во селото се наоѓа и пиварницата „Тајбе Бруинг Ко“ (Taybeh Brewing Co), што се смета за најстара микропиварница на Блискиот Исток. Некои западни земји воведоа санкции против организации на еврејски доселеници поради напади врз Палестинците. Во јуни еврејски доселеници го попречувале гасењето голем пожар во близина на Тајбе, соопштија пожарникари од палестинската цивилна заштита. Локален свештеник го опиша инцидентот како…
Povezane vijesti

Демонстранти решија да не ограбуваат продавница оти сопственичката е муслиманка

Netanjahu tvrdi da je sa Trampom razgovarao o važnosti uklanjanja režima u Iranu
