klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Израел ги забрзува процедурите за доселување на еврејското население од Франција

Израел ги забрзува процедурите за доселување на еврејското население од Франција
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·20. 10. 2026. 19:23:17

Израел се подготвува за зголемување на бројот на еврејски имигранти од Франција по немирите во оваа европска земја, при што израелскиот министер за интеграција на имигрантите, Офир Софер, нареди забрзување на процедурите за нивно преселување, пренесе ДПА. Од почетокот на годината, околу 4.000 Евреи се преселиле од Франција во Израел, покажуваат најновите податоци на израелското Министерство за интеграција на имигрантите, што според локалните медиуми е најголем број од 2015 година досега. Во тој контекст, стотици француски Евреи овој месец посетиле специјализиран саем за вработување во Париз, каде што се сретнале со претставници на водечки израелски компании со цел да им се понудат можности за професионално остварување уште пред преселувањето и да им се олесни воспоставувањето на животот во Израел. Во неодамнешното соопштение, министерството наведува дека припадниците на еврејската заедница во Франција изразуваат загриженост поради политичките случувања во земјата, вклучувајќи ја и можноста за претседателска кандидатура на крајнолевичарскиот политичар Жан-Лик Меланшон, познат по острите критики кон Израел. „Овие случувања го засилуваат чувството на несигурност и загриженоста за иднината кај дел од еврејската заедница во Франција“, наведува Министерството. Покрај тоа, по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, бројот на антисемитски инциденти во Франција достигна историски високо ниво — според податоците…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti