klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Измени и дополнувања на Законот за народниот правобранител за поефикасна заштита за човековите права и поголема одговорност на институциите, дел од патот кон ЕУ

Измени и дополнувања на Законот за народниот правобранител за поефикасна заштита за човековите права и поголема одговорност на институциите, дел од патот кон ЕУ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·22. 10. 2026. 10:48:19

Измените и дополнувањата на Законот за народниот правобранител треба да обезбедат поефикасна заштита за човековите права и поголема одговорност на институциите, со цел исполнување на Париските и Венецијанските принципи и се дел од пошироките реформи во областа на човекови права, отчетност и владеење на правото во претпристапниот процес кон Европската Унија. Ова беше истакнато на денешната тематска дискусија во Собранието за измените и дополнувањата на Законот за народниот правобранител, на која учествуваа претседателот на Собранието, Африм Гаши, народниот правобранител Фатон Сељами, амбасадорите на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал и на Европската Унија, Михалис Рокас и постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбија. Измените и дополнувања, според спикерот Гаши, имаат за цел зајакнување и проширување на надлежностите, унапредување на функционирањето и независноста на институцијата, како и гарантирање на целосен интегритет при вршењето на нејзините функции. Како претседател на Собранието, тој изрази институционална поддршка за Народниот правобранител за подобрување на законската рамка што ќе му овозможи исполнување на мисијата. Клучно прашање за него е до кој степен предложените измени ја усогласуваат институцијата со меѓународни стандарди на независни институции за човекови права. - Придонесот на институциите, меѓународните партнери, експертите, академската заедница и граѓанското општество е подеднакво важен за да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti