klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Изложбите на Ана Ивановска и Марија Сотировска Богдановска во Берлин се затвораат оваа сабота

Изложбите на Ана Ивановска и Марија Сотировска Богдановска во Берлин се затвораат оваа сабота
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·26. 06. 2026. 11:19:59

Две изложби на македонски уметници — „Ехо“ на Ана Ивановска и „поПуст(о) % – исто“ на Марија Сотировска Богдановска — се затвораат во сабота, 27 јуни 2026 година, со свечено затворање во 19 часот во галеријата Prima Center Berlin (Biesentaler Str. 24). Двете поставки се претставени заедно во истиот простор. Затворањето е дел од четиридневниот јубилеј „25 години kolonie wedding“ (2001–2026) — берлинската мрежа независни галерии и уметнички простори што од 25 до 28 јуни го отвора кварталот Вединг со десетици ателјеа и изложби. Двете поставки под покривот на Prima Center, се меѓу централните точки во годинешната програма. Во истиот простор се среќаваат два различни уметнички јазика. „Ехо“ на Ана Ивановска навлегува во трагите што глобалните кризи ги врежуваат врз поединецот — преку фотографија, фотомонтажа и инсталација, со повторувачки мотиви на маски, ракавици и човечки фрагменти, симболи на ранливоста и прекинатата комуникација. „поПуст(о) % – исто“ на Марија Сотировска Богдановска го граба јазикот на трговијата — етикети, попусти, рекламни формули — и го свртува против него самиот, мерејќи ги вистинските вредности на светот: вода, здравствена помош, детски труд, енергија. Двете авторки се членки на женската уметничка група МОМИ и излагаат во просторот на Прима Центар Берлин — место што со…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti