klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Излетале со четирицикл: Повредени две млади момчиња, едниот итно пренесен на Клинички

Излетале со четирицикл: Повредени две млади момчиња, едниот итно пренесен на Клинички
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·06. 07. 2026. 09:18:44

На 05.07.2026 година во 21:24 часот, во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово пријавиле дека за укажување лекарска помош биле донесени две лица повредени во сообраќајна незгода. Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово извршиле проверки и утврдиле дека на патот кај село Лисец, четирицикл управуван од Ф.М. (20) од село Пирок, на кој сопатник бил неговиот соселанец А.Х. (19), излетал од коловозот. -Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.М., кој поради сериозноста на повредите е префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Сопатникот А.Х. се здобил со телесни повреди, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti