„Изгубивме сѐ“: Огнот проголта стотици домови, жителите низ солзи се враќаат во пепелта

„Мојата баба е родена во оваа куќа. Сè изгоре. Уништени сме. Во Ле Порж изгубивме сѐ.“ Со овие зборови Матје Плеси ја опиша трагедијата што го снајде неговото семејство, откако се вратил во родниот дом во местото Ле Порж, на околу 40 километри од Бордо, и наместо куќата во која пораснал, затекнал само јагленисани остатоци. Разорните шумски пожари што беснеат во југозападна Франција зад себе оставаат сцени на целосно уништување. Според последните информации, околу 240 куќи се изгорени, а 75 пожарникари се повредени додека се обидувале да го запрат ширењето на пламените јазици. Францускиот претседател Емануел Макрон им вети на погодените жители дека државата ќе помогне во обновата на уништените домови и населби. Но, опасноста сè уште не е мината, бидејќи пожарот што се движи кон Бордо останува надвор од целосна контрола. Капетанот на противпожарната служба Никола Браз предупредува дека пожарот станува сè потежок за контролирање поради екстремната топлина. – Непредвидлив е и речиси невозможно е да се контролира. Огромната топлина создава воздушни струења кои се однесуваат како силен ветер и уште побрзо ги разгоруваат пламените јазици. Тоа создава вистинска огнена бура, изјави тој. Додека илјадници пожарникари и војници продолжуваат да се борат со огнот, многу семејства не знаат дали…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu
