klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Изградба на препумпен уред за фекална канализација во н.м Кадино

Изградба на препумпен уред за фекална канализација во н.м Кадино
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·17. 07. 2026. 10:44:39

Општина Илинден продолжува со инвестициите за развој на комуналната инфраструктура, во чии рамки се започнати активности за изградба на препумпен уред за фекална канализација во населеното место Кадино. Станува збор за проект кој е дел од пошироката изградба на фекалната канализациона мрежа во н.м Кадино, при што препумпниот уред ќе биде поврзан со веќе реализираниот крак К4, долг околу 2.500 метри, на кој се изградени 50 шахти и со кој се овозможува приклучување на приближно 100 домаќинства. Со овој препумпен уред ќе се опфати канализационата мрежа од улиците „1“, „2“ и „3“, при што отпадните води преку веќе поставениот потисен цевковод ќе се транспортираат до постојната пречистителна станица во н.м Кадино, каде ќе се врши нивен третман и прочистување. Увид во тековните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека вложувањата во канализационата инфраструктура имаат клучно значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и за зачувување на животната средина преку современо управување со отпадните води. Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на инфраструктурни проекти за изградба, реконструкција и проширување на канализационата мрежа во сите населени места.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti