klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Изгласани измените: Малолетници не смеат да возат електрични тротинети, ова е максималната дозволена брзина

Изгласани измените: Малолетници не смеат да возат електрични тротинети, ова е максималната дозволена брзина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·30. 06. 2026. 14:35:17

Собранието во рамките на 106. седница ги донесе измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, кои се однесуваат на регулирање на учеството на електричните тротинети во сообраќајот. Со законот се редефинира точка 57 „лесно електрично возило“ од поимите што се употребуваат во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата имајќи ги предвид компаративните искуства на повеќе земји во регионот, како и појавата на нови возила на пазарот, во која категорија спаѓаат и електричните тротинети. Суштински се интервенира во однос на дозволената брзина со која се движат лесните електрични возила, односно се предвидува максимална брзина од 20 км на час во согласност со препораките на Европската Унија во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип возила. За да се намали бројот на прекршоци сторени со електрични тротинети, се предвидува и заострување на условите под кои тие може да се управуваат - се зголемува старосната граница, односно ќе може да ги управуваат лица со најмалку 18 години возраст. Се заострува и казнената политика за сторителите на прекршоците предвидени во законот, а во конкретни случаи покрај изречената глоба се предвидува и одземање на возилото ако се работи за малолетен возач, пречекорување на дозволена брзина, превезување друго лице…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti