Изборниот законик не се донесе за СДС, ДУИ и Левица да имаат алиби и да се претстават жртви на следниот се поизвесен изборен пораз

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека новиот реформски Изборен законик не бил донесен поради, како што наведуваат, блокадите од СДС, Левица и ДУИ, кои според партијата се обидуваат да создадат алиби за евентуален изборен пораз на следните избори. Во соопштението, од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека трите опозициски партии го блокирале еден од клучните закони од Реформската агенда, и покрај, како што велат, постоењето на простор за широк политички консензус и прифаќање на нивните предлози согласно препораките на меѓународните институции, вклучително и можноста дијаспората да гласа. Од партијата наведуваат дека Владата покажала подготвеност за договор и дека, според нив, за првпат во македонската политичка историја владејачка партија им понудила на опозициските партии сами да ги усогласат своите барања, со уверување дека тие ќе бидат прифатени. Во соопштението се посочува и дека Македонија е лидер во регионот во исполнувањето на обврските од Реформската агенда и дека тоа, според ВМРО-ДПМНЕ, е потврдено од европски претставници, кои истовремено повикале на политички консензус за усвојување на Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДС, Левица и ДУИ со своите постапки го блокираат евроинтегративниот процес на државата и порачува дека, според нив, граѓаните ги препознаваат овие политички партии како извор на политичките блокади.
Povezane vijesti

Што се случувало во Света Софија во деновите пред обновувањето на автокефалноста на МПЦ

Поднесена кривична пријава против косовскиот државјанин кој насилно ја преминал граничната линија откако беше фатен во обид да криумчари дрога
