Ивановски преку Циципас до четвртфинале, Приходко по три сета меѓу најдобрите осум

Македонските Дејвис куп репрезентативци постигнаа победи во мечевите од 2. коло на М25 турнирот што се игра во Загреб. Калин Ивановски со 2:0 во сетови (7:6(8) и 7:5) за 2 часа и 13 минути го совлада Павлос Циципас од Грција, додека Олег Приходко го победи Хлиб Секачов со 2:1 во сетови (6:0, 4:6 и 6:4) за 2 часа и 11 минути. Ивановски одигра изедначен меч со тенисерот од Грција, пред сè првиот сет кога немаше ниту еден брејк и по 18 поени во „13. гем‘ Ивановски беше поуспешен со 10:8 и поведе со 1:0 во сетови. Во следниот сет единствениот брејк го направи Ивановски во 11. гем и поведе со 6:5 во гемови, а потоа сетот го заврши со 7:5. Приходко на убедлив начин дојде до водство од 1:0 во сетови откако на ривалот не му дозволи ниту еден гем (6:0), но во вториот сет испушти предност од брејк и водство од 2:1, за противникот да направи два брејка прво за 3:3, а потоа и за 6:4 во гемови и да изедначи на 1:1 во сетови. Во решавачкиот сет Приходко направи брејк и поведе со 4:3 што се покажа како решавачко. Во текот на денот македонските тенисери ќе настапат и…

