klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Иванов: Умислената елита не знае како е да се работи за државата и народот, затоа се пронаоѓа себе си како талог

Иванов: Умислената елита не знае како е да се работи за државата и народот, затоа се пронаоѓа себе си како талог
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·05. 08. 2026. 11:51:57

Доста е од умислени елити и лажни авторитети! Општествениот талог со години се обидува да се претстави како елита, луѓе кои не знаат да работат, не знаат да создаваат, а уште помалку знаат што значи да се работи за државата и за народот, вели Душко Иванов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. -Од високо гледаат на обичните граѓани на Македонија, убедени дека им припаѓа правото да одлучуваат, да владеат и да ја кројат иднината на Македонија, притоа забораваат дека Македонија не е нивна приватна сопственост! Времето на привилегирани, недопирливи и самопрогласени елити заврши, посочи тој. Иванов истакнува дека народот знае кој работи, кој создава и кој се бори за државата, а кој само зборува, критикува и чека повторно да се врати на привилегиите. -Македонија им припаѓа на граѓаните, а не на оние што се сметаат себеси за предодредени да владеат, прифатиле вие или не! Единствената вистинска легитимација кај граѓаните се работа, резултати и одговорност, истакна пратеникот. [facebook_post url="https://www.facebook.com/dushkoivanov/posts/pfbid02HXNFqTqk9XFwHJ8Pui48rE5QmucSa8BewvAhpGKgSCnYvdrD19KarweDYmHcFTCQl"]

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti