klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Италијанска полиција заплени над 2,6 тони кокаин во ултрабрз брод во Атлантскиот Океан

Италијанска полиција заплени над 2,6 тони кокаин во ултрабрз брод во Атлантскиот Океан
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·27. 07. 2026. 10:58:34

Италијанската полиција денеска соопшти дека во Атлантскиот Океан, покрај брегот на Португалија, запленила над 2,6 тони кокаин, чија вредност на црниот пазар се проценува на 500 милиони евра. Дрогата е пронајдена на ултрабрз брод на надувување, кој шверцерите обично го користат за да преземат нелегален товар фрлен во морето од големите бродови што пристигнуваат од Јужна Америка, соопшти италијанската царинска и гранична полиција. Уапсени се четири лица на бродот - двајца Шпанци, еден државјанин на Гибралтар и еден албански државјанин кој живее во Италија. Операцијата беше спроведена во соработка со шпанските и португалските власти, а италијанските обвинители во градот Бреша ја координираа истрагата. „Големопродажната цена на кокаинот се проценува на приближно 78 милиони евра. Доколку дрогата беше доставена до крајната дестинација и беше разреден за малопродажба, шверцерите можеа да остварат вкупен приход од околу 500 милиони евра“, се наведува во соопштението на италијанската полиција.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti