klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Истрагата за „ботоксот“ донесе докази за нов случај, ОЈО ГОКК со детали

Истрагата за „ботоксот“ донесе докази за нов случај, ОЈО ГОКК со детали
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·27. 07. 2026. 12:56:33

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, додека на второосомничениот му се става на товар кривичното дело „Примање поткуп“. Предметната истражна постапка е оформена врз основа на доказите обезбедени при анализата на екстрахираните податоци од мобилните телефони одземени во рамки на друга истражна постапка што ОЈО ГОКК ја води против организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала. -Според досега прибраните докази, во декември 2025 година осомничена опфатена во истражната постапка поврзана со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, му дала парична награда на првоосомничениот – доктор по стоматологија и претседател на Стоматолошкото друштво на Албанците, за тој, користејќи го своето реално и претпоставено влијание, службена и општествена положба и углед, да интервенира со цел за да се изврши службено дејствие што не смеело да се изврши. Првоосомничениот интервенирал кај второосомничениот – претседател на Испитната комисија за полагање стручен испит за здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата, при што побарал од него да ја искористи својата службена положба и да ѝ…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti