Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион

Нина Талеска од танцовото студио BREAK A LEG го освои второто место на Светското првенство во хип-хоп во Келце, Полска, постигнувајќи историски успех за македонскиот танц! Во конкуренција на најдобрите млади танчери од светот, Нина освои сребрен медал во категоријата Хип-хоп соло Мини кидс, остварувајќи го најголемиот успех за Македонија во оваа категорија досега. „Овој успех е резултат на огромна посветеност, дисциплина и напорна работа. Горда сум на Нина и верувам дека ова е само почеток на нејзините големи успеси“, истакна нејзиниот тренер и кореограф Андријана Петковски. Светското првенство, кое се одржува од 17 до 24 октомври, обединува околу 4.000 танчери од 34 земји. Тимот на BREAK A LEG ги продолжува настапите во јуниорските и сениорските категории, со надеж за нови светски успеси. Честитки за Нина, нејзините тренери и целиот тим!
Povezane vijesti

Нина Талеска освои сребрен медал на Светското првенство во хип-хоп во Полска

МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА СВЕТСКИОТ ПОДИУМ: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
