klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ирска за претседавањето со Советот на ЕУ ќе потроши 293 милиони евра

Ирска за претседавањето со Советот на ЕУ ќе потроши 293 милиони евра
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·30. 06. 2026. 12:06:55

Ирска од утре до 31 декември ќе претседава со Советот на Европска Унија и за тоа ќе потроши трипати повеќе пари од Кипар и Данска. Се проценува дека Ирска за претседавањето ќе потроши речиси 300 милиони евра, објави бриселскиот портал „Политико“. Според пресметките на ирското Министерство за јавни трошоци за претседавањето со ЕУ планирани се 293 милиони, од кои 125 милиони евра ќе бидат наменети за полицијата и безбедноста. Трошоците на актуелниот претседавач со Советот на ЕУ, Кипар се очекува да изнесуваат околу 95 милиони евра, додека претходниот претседавач, Данска потроши 80 милиони евра. На секои шест месеци, друга земја-членка на ЕУ ја презема политичката агенда на Советот на ЕУ, претседава со состаноците во Брисел и е домаќин на серија настани на високо ниво и политички состаноци во својата земја. Состанокот на Европската политичка заедница во ноември ќе биде најголемиот таков настан што некогаш се одржал во Ирска, на кој ќе учествуваат лидерите на 47 европски земји.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti