klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ИРГК: Погодени се американскиот команден центар на Блискиот Исток и базата Ал-Азрак во Јордан

ИРГК: Погодени се американскиот команден центар на Блискиот Исток и базата Ал-Азрак во Јордан
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·09. 07. 2026. 14:52:14

Иран лансираше 10 балистички ракети кон американскиот команден центар на Блискиот Исток, како и кон американската воздухопловна база Ал-Азрак во Јордан, објави Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГК). „Како резултат на лансирањето на 10 балистички ракети, погодени се непријателскиот команден и контролен центар на Блискиот Исток и воздухопловната база Ал-Азрак во Јордан “, се наведува во соопштението на ИРГК, пренесено од ИРНА. Американската војска ноќеска започна нова серија моќни напади врз Иран, а Централната команда на САД соопшти дека тоа е одмазда за иранските акции против комерцијалните бродови што минуваат низ Ормуската Теснина. Иранската војска утрово соопшти за нови напади врз американските бази во Бахреин и Кувајт, а иранските власти го обвинија Вашингтон за кршење на договорот за прекин на огнот. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti