klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Иран заработил до шест милијарди долари од извоз на нафта за време на примирјето со САД

Иран заработил до шест милијарди долари од извоз на нафта за време на примирјето со САД
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·19. 07. 2026. 10:56:12

Иран извезол околу 70 милиони барели нафта, во вредност од пет до шест милијарди американски долари, за време на привременото олеснување на американските санкции, објави угледниот економски весник „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на најновите податоци на невладината организација „Обединети против нуклеарен Иран“. Според анализата на оваа организација, во периодот од средината на јуни до средината на јули годинава околу 20 ирански танкери отпловиле со сурова нафта кон клучните азиски пазари. Претходно, Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) при американското Министерство за финансии на 22 јуни објави документ со кој се потврди дека Вашингтон издал општа лиценца што овозможува непречено производство, снабдување и продажба на иранска нафта и на нафтени деривати. Сепак, по ненадејната ескалација на тензиите, американското Министерство за финансии на 7 јули итно ја укина таа лиценца, со која првично беа ублажени санкциите кон иранскиот нафтен сектор до 21 август, и целосно ги забрани сите нови операции во овој енергетски сектор. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti